ШВАЈЦАРИЈА РАЗМИСЛУВА ЗА ДРАСТИЧНО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА АВТОПАТИТЕ: Наместо 120, возачите би возеле со 80 км/ч!
Актуелно

ШВАЈЦАРИЈА РАЗМИСЛУВА ЗА ДРАСТИЧНО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА АВТОПАТИТЕ: Наместо 120, возачите би возеле со 80 км/ч!

04. 11. 2026.

Швајцарија разгледува можност за привремено намалување на максималната дозволена брзина на автопатите од 120 на 80 километри на час, како мерка за справување со недостигот на гориво.

Причината е нарушеното снабдување со нафтени деривати, предизвикано од повеќе фактори, меѓу кои конфликтот на Блискиот Исток и ниското ниво на реката Рајна, што го отежнува транспортот на гориво.

Швајцарските власти веќе почнаа да ги користат задолжителните државни резерви на дизел, а се разгледуваат и дополнителни мерки за намалување на потрошувачката.

Според швајцарскиот јавен сервис SRF, ограничувањето на 80 километри на час би можело да биде воведено само во случај на сериозно влошување на состојбата, доколку значителен дел од резервите се потроши и доброволните мерки за штедење не дадат резултати.

Засега нема донесено конечна одлука, а на швајцарските автопати и понатаму важи ограничувањето од 120 километри на час.