Во септември инфлацијата изнесувала 3,8%, а главна причина за новото забрзување е поскапувањето на енергијата, особено на нафтата и гасот.
Раст на цените е забележан и кај услугите, индустриските производи и храната. Основната инфлација, без енергијата и храната, останала на 2,5%.
Со 4%, инфлацијата е двојно повисока од целта на Европската централна банка, која изнесува 2%. Новиот раст на цените ги зголемува очекувањата дека ЕЦБ би можела дополнително да ги зголеми каматните стапки.
