Кандидатите имаат можност да ја започнат или да ја продолжат својата професионална приказна во еден од најголемите европски малопродажни синџири, во работна средина заснована на фер однос, почит и тимска поддршка, во која секој вработен е важен дел од тимот.
На претстојните средби сите заинтересирани ќе можат лично да се сретнат со претставници на Lidl, да добијат информации за отворените работни позиции, условите и процесот на селекција, како и да аплицираат за вработување.
Средбите и интервјуата со кандидатите ќе се одржуваат секој работен ден, заклучно со 30 октомври 2026 (петок), од 09.00 до 16.00 часот, на следните локации: хотел „Оаза“ во Штип, хотел „Пандев“ во Струмица и хотел „Мираж“ во Струга.
Lidl на своите вработени им нуди конкурентна и загарантирана плата, приватно здравствено осигурување, современи услови за работа и стабилна работна средина. Сите вработени работат според јасни правила и процеси и имаат можности за учење и кариерно унапредување.
Посебно внимание се посветува на подготовката на секој нов член на тимот. Новите вработени во маркетите на Lidl минуваат низ структуриран процес на воведување во работата и сеопфатна професионална обука за стекнување практични знаења и вештини. Обуката за секојдневните работни задачи ќе трае од шест до осум недели и ќе се спроведува во Македонија, со постојана поддршка во текот на целиот процес.

