Девет европски градови меѓу 15-те најбезбедни во светот: Еве кои дестинации се на листата за 2027 година
Актуелно

Девет европски градови меѓу 15-те најбезбедни во светот: Еве кои дестинации се на листата за 2027 година

03. 11. 2026.

Европа доминира на листата на најбезбедни градови во светот за патување во 2027 година, со дури девет дестинации меѓу првите 15.

Според годишниот извештај на компанијата за патничко осигурување „Berkshire Hathaway Travel Protection“, Монтреал е прогласен за најбезбеден град за туристи, додека второто и третото место им припаднаа на Цирих и Амстердам.

Меѓу првите десет се најдоа и Рејкјавик на петтото место, Осло на шестото и Венеција на осмото место.

Листата на 15 најбезбедни градови ја дополнуваат:

  • Даблин – 11. место

  • Копенхаген – 12. место

  • Барселона – 13. место

  • Париз – 15. место

Од градовите надвор од Европа и Канада, високо се рангираа Токио, Сингапур, Сиднеј, Хонолулу и Сан Франциско.

Како се одредува безбедноста?

Рангирањето се базира на искуствата на илјадници патници во изминатите пет години, како и на податоци од меѓународни индекси за безбедност, криминал и мир.

При оценувањето се земени предвид здравствената заштита, јавниот превоз, ризикот од тероризам, безбедноста при ноќно движење и заштитата на ранливите групи.

Сепак, високото место на листата не значи дека градовите се целосно без ризици. Туристите и понатаму треба да внимаваат на џепчии и други вообичаени опасности, особено на прометните туристички локации и железничките станици.

Во извештајот се рангирани и најбезбедните држави за патување, а првите три места ги зазедоа Канада, Нов Зеланд и Австралија.