Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од Авто-мото сојузот на Македонија апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Воедно, потсетуваат дека поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.
Извор:skopje1.mk
