Германците ќе останат без јајца за Велигден поради заканата од птичји грип
Актуелно

Германците ќе останат без јајца за Велигден поради заканата од птичји грип

23. 03. 2026.

Според податоците на Германското здружение на производители на јајца, домашните производители не се во можност да ја задоволат побарувачката на германскиот пазар пред Велигден, а низ земјата во продавниците на секои десет пакувања недостига едно.

Претседателот на германското здружение на произведували на јајца Ханс Петер Голдник како причини за недостигот на јајца ги наведе птичјиот грип, падот на увозот и се поголемата популарноста на јајцата, пренесува порталот Мдр.

Според податоците на Федералниот информациски центар за земјоделие, побарувачката за јајца во последните години во Германија, постојано растела, и минатата година изнесувала 252 јајца по глава на жител, во споредба со 234 пред 4 години. Од вкупната побарувачка, само 70 отсто од јајцата се произведуваат во Германија,а поради птичјиот грип во минатата есен и зима во земјата беа умртвени неколку милиони живина.

Според индексот на потрошувачките цени, цената на јајцата во Германија се зголемила за 17 проценти во последните 2 години, а најниската цена изнесува 2,49 евра за пакување од 10 јајца, кое долго време чинеше под 2 евра, пренесува „Танјуг“.

Извор: vecer.press