Компанијата „Лидл“ започнува кампања за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди „Лидл“ како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит.
„Лидл Северна Македонија“ нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени, велат од компанијата.
Од компанијата велат дека работењето во „Лидл“ се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво и дека во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа е клучен фактор за успех.
Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, компанијата работи според воспоставени системи и процеси кои се развивани со децении и сега се применуваат и на македонскиот пазар. Ова овозможува сигурна и стабилна работна средина, како и јасни можности за учење, професионален развој и напредување. Компанијата работи транспарентно и во согласност со сите законски норми, обезбедувајќи им на вработените сигурност и стабилност, но и дополнителни придобивки што придонесуваат за подобар квалитет на живот, вклучувајќи приватно здравствено осигурување и проширени здравствени прегледи.
Со своето децениско меѓународно искуство, покрај отворањето нови работни места, „Лидл“ поставува и нови стандарди во однос на работните услови, организацијата и грижата за вработените, активно придонесувајќи кон унапредување на пазарот на труд.
