Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто
Актуелно

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто

06. 05. 2026.

Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на претходниот месец, пак, цените се зголемени за 0.6 %.

Во периодот јануари – април 2026 година споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %.

Извор: nezavisen.mk