SpaceX ја носи Starlink Mobile технологијата во Македонија
Актуелно

SpaceX ја носи Starlink Mobile технологијата во Македонија

03. 09. 2026.

Starlink Mobile доаѓа на Балканот, а Македонија е меѓу првите пазари каде ќе се воведе новата сателитска технологија на SpaceX.

Американската компанија SpaceX и телекомуникациската групација 4iG најавија соработка за воведување на Starlink Mobile V2, услуга што ќе овозможи директно поврзување на мобилни телефони со сателитската мрежа, без дополнителна опрема.

Технологијата е наменета за подобрување на покриеноста во оддалечени области и во ситуации кога традиционалните мобилни мрежи не се достапни.

Според најавите, Македонија, заедно со Унгарија, Албанија и Црна Гора, е меѓу земјите каде се планира воведување на услугата во наредниот период.