Првиот е веќе за нешто повеќе од две недели.
Денот на народното востание, 11 октомври, годинава паѓа во недела, а согласно со Законот за празниците, кога овој празник се паѓа во недела, наредниот ден е неработен.
Тоа значи дека понеделник, 12 октомври, ќе биде неработен ден, па за оние што вообичаено не работат за време на викенд следува пауза од три дена – од сабота, 10 октомври, до понеделник, 12 октомври.
Само 11 дена подоцна – уште еден продолжен викенд
Октомври годинава е особено поволен за оние што сакаат да испланираат кратко патување или неколку дена одмор.
Само 11 дена по првиот неработен понеделник, следува уште еден празник.
23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, паѓа во петок. Така, заедно со сабота и недела, повторно се добиваат три последователни слободни дена – од 23 до 25 октомври.
Практично, во период од помалку од две недели во октомври ќе имаме два продолжени викенди.
А потоа се чека до декември
По 23 октомври, во ноември нема неработен ден што важи за сите граѓани.
Следниот, а воедно и последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година, е 8 декември – „Св. Климент Охридски“. Годинава празникот паѓа во вторник.
Тоа само по себе не создава продолжен викенд, но оние што имаат можност да земат слободен понеделник, 7 декември, би можеле со еден ден од годишниот одмор да добијат четири последователни слободни дена – од сабота до вторник.
Значи, што ни останува до Нова година?
За сите граѓани до крајот на 2026 година остануваат три неработни работни дена:
- 12 октомври (понеделник) – неработен по повод 11 Октомври, Денот на народното востание; 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“.
Покрај нив, календарот предвидува и дополнителни неработни денови за припадниците на одредени верски и етнички заедници. На пример, за граѓаните од католичка вероисповед неработен е 25 декември, петок – првиот ден на Божик, што за нив ќе донесе уште еден продолжен викенд на самиот крај од годината.
За повеќето граѓани, сепак, октомври ќе биде последниот месец во 2026 година со продолжени викенди по основ на празник – и тоа два во само 13 дена.
