На пример, со 100.000 денари заштеда, домаќинство со трошоци од 25.000 денари месечно може да издржи четири месеци. Ако расходите се 40.000 денари, резервата трае два и пол месеци, а при трошоци од 60.000 денари – помалку од два месеци.
Во пресметката треба да влезат храната, сметките, домувањето, превозот, лековите и кредитите. Затоа, висината на платата не е пресудна – најважно е колку пари ви се потребни за основните потреби.
