Sara Fashion инвестира во иднината: 23 млади таленти наградени на „Креативен ден“ во Битола
Актуелно

Sara Fashion инвестира во иднината: 23 млади таленти наградени на „Креативен ден“ во Битола

05. 05. 2026.

Ние, во Sara Fashion веруваме дека потенцијалот не се чека, туку се препознава, се негува и се развива навреме. Затоа континуирано инвестираме во млади луѓе кои имаат храброст да создаваат, да учат и да се усовршуваат, претворајќи ја својата пасија во професија.

Минатата недела, во рамките на  настанот „Креативен ден“ во Битола, Sara Fashion со гордост беше еден од главните спонзори, поддржувајќи платформа која ја слави креативноста на младите, талентот и иднината на модната индустрија. Темата на ревијата беше „Филм“ - инспирација за креативно истражување на приказни, емоции и карактери, претворени во личен уметнички израз. Креациите беа изработени од учениците од Средното текстилно училиште во Битола, во соработка со професионални дизајнери кои ги водеа и менторираа низ целиот креативен процес.


 
Оваа година, на самата ревија, доделивме 23 ваучери на ученици кои се истакнаа со својата посветеност, креативен израз и активно учество во процесот на работа со ментори. Тие се пример за новата генерација на таленти кои со својата енергија и труд веќе го обликуваат идниот правец на модната сцена.


 
Во Sara Fashion, менторството не е само дел од процесот, тоа е темел на нашата култура и наша најголема вредност. Ние градиме средина во која знаењето се пренесува, се надградува и се живее секојдневно. Ги поддржуваме луѓето што покажуваат потенцијал, им даваме простор да растат и ги наградуваме нивните резултати и посветеност.


 
Голем дел од нашите денешни лидери се токму луѓе кои својата кариера ја започнале внатре во компанијата - растејќи чекор по чекор, со поддршка, доверба и јасна визија. Токму затоа, ние, Sara Fashion веруваме во едно едноставно, но силно правило: најсилните приказни се создаваат одвнатре!