ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА НАТАЛИТЕТОТ: Од јануари мајките ќе се ослободуваат од данок
Актуелно

ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА НАТАЛИТЕТОТ: Од јануари мајките ќе се ослободуваат од данок

05. 05. 2026.

Од почетокот на следната година е најавено стартување на мерка за стимулирање на наталитетот, која предвидува даночни олеснувања за мајките. Информацијата ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по чествувањето на Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас.

Според најавите, мерката би опфатила поврат на данок за мајките во период зависно од бројот на деца – една година за прво дете, две години за второ дете, а за трето дете до полнолетство на највозрасното дете во семејството.

Од Владата посочуваат дека веќе се подготвуваат политики поврзани со демографијата, која е означена како една од приоритетните области. Воедно беше најавена и меѓународна конференција организирана во соработка со Обединети нации, посветена на демографските предизвици.

Според изјавите, целта на мерките е поддршка на семејствата и поттикнување на наталитетот, во услови на долгорочни демографски промени во земјава.

Во меѓувреме, статистичките податоци за минатата година покажуваат дека во 62 општини бројот на починати лица бил поголем од бројот на новородени, додека само 18 општини бележат позитивен природен прираст.

Извор: vecer.press