На листата се опфатени различни сектори, меѓу кои банкарството, информатичката технологија, здравството, социјалната заштита и индустријата. Се бараат и високообразовани стручњаци, но и квалификувани работници од различни занаети.
Според податоците на Евростат за 2024 година, просечната годишна бруто-плата во Луксембург изнесувала околу 83.000 евра, односно приближно 6.917 евра месечно. Тоа одговара на околу 4.600 евра нето месечно, иако реалните примања зависат од професијата, искуството и даночниот статус.
Со забрзаната постапка за вработување, земјата сака полесно да привлече квалификувани кадри од странство и да го надмине недостигот на работници.
