Од Олимпискиот базен информираат дека објектот ќе биде затворен неколку дена. Во функција остануваат малиот и средниот базен, но нивниот капацитет не е доволен за редовните тренинзи на пливачките клубови.
Во исто време, базенот во Карпош не може да се користи поради градежните работи, па клубовите немаат соодветна алтернатива.
Ваквата ситуација им создава дополнителни проблеми на пливачите, особено во период кога се одржуваат редовни подготовки и натпреварувачки активности.
