Најдоцна се осамостојуваат младите во Хрватска (31,5), Грција и Словачка (30,9), а најрано во Финска (21,4), Данска (21,8) и Естонија и Литванија (22,7).
Во регионот, просечната возраст е 30,1 година во Србија, 29,5 во БиХ и 27,9 во Бугарија.
Евростат забележува поврзаност меѓу возраста на осамостојување и вработеноста кај младите. Во Македонија, стапката на вработеност кај младите од 20 до 29 години во 2025 година била 50,2%, наспроти 65,5% во ЕУ.

