Туристите сè повеќе ги избегнуваат популарните дестинации: Расте интересот за скриените убавини
Актуелно

Туристите сè повеќе ги избегнуваат популарните дестинации: Расте интересот за скриените убавини

26. 11. 2026.

Популарните туристички центри добиваат сè поголема конкуренција од помалите градови и помалку познатите дестинации. Европските патници сè почесто бараат алтернативи на традиционалните туристички места, далеку од метежот и големите гужви.

Според најновото истражување на Европската туристичка комисија (ETC), 54% од анкетираните патници претпочитаат помалку популарни или оддалечени туристички дестинации, што е за четири процентни поени повеќе во споредба со претходната година.

Најголем интерес за вакви патувања покажуваат туристите од Холандија (61%), Швајцарија и Полска (60%), како и Белгија и Австрија (57%).

При изборот на дестинација, важна улога имаат безбедноста, пријатните временски услови и пристапните цени. Финансиските трошоци, пак, остануваат најголема грижа за патниците.

Истражувањето покажува и дека 76% од анкетираните Европејци планираат да патуваат во текот на есента и зимата, а меѓу најпосакуваните активности се посетите на градови и запознавањето на културното наследство.

Растечкиот интерес за помалку познатите дестинации отвора нови можности за развој на туризмот во помалите градови и руралните средини, но и за намалување на туристичкиот притисок врз најпосетуваните европски атракции.