Македонија на листата европски земји каде туристите најретко преноќуваат
Актуелно

Македонија на листата европски земји каде туристите најретко преноќуваат

10. 02. 2026.

Туристите не сакаат да ги посетат овие европски земји бидејќи не ги сметаат за привлечни или безбедни. Македонија високо котира на листата.

Додека многумина се собираат во познати европски метрополи и иконски знаменитости, компанијата Riviera Travel истражуваше поинаква страна од Европа. Најновиот извештај на Евростат покажа кои европски земји се најмалку посетени.

„Овие податоци раскажуваат фасцинантна приказна за скриено богатство кое чека да биде откриено и ви помагаат да пронајдете одмор подалеку од толпите“, велат од компанијата Riviera Travel.

Компанијата ги анализирала податоците на Евростат за најмалку посетуваните европски земји, користејќи статистика за бројот на ноќевања остварени во туристички сместувања во секоја држава.

На врвот на листата се наоѓа Лихтенштајн, каде што во текот на 2024 година биле забележани само 228.579 ноќевања, според најновите достапни податоци.

Главниот град Вадуц е познат по замокот од кој се пружа поглед на долината на Рајна. Сепак, Лихтенштајн најчесто се посетува во рамките на еднодневни излети од соседните земји, што го објаснува толку малиот број на ноќевања.

На второ место е Македонија, со нешто повеќе од два милиони ноќевања во 2024 година, додека третото место го зазема Луксембург, кој забележал околу 3,6 милиони ноќевања. Следуваат Латвија и Црна Гора на четвртото и петтото место. 

10 европски земји со најмалку туристи, според бројот на ноќевања:

Лихтенштајн

Македонија

Луксембург

Латвија

Црна Гора

Естонија

Албанија

Литванија

Малта

Србија

Во препораката да се посети Македонија, Riviera Travel пишува: „И покрај ниските бројки на посетители, патувањето во Северна Македонија нуди многу активности и места што треба да се видат. Овој балкански бисер се гордее со Охрид, место заштитено од УНЕСКО како светско наследство, чиј древен крајбрежен амбиент е конкурентен на сè што се нуди во познатите европски дестинации. Земјата е ризница на византиски цркви и отоманска архитектура, совршена за оние кои сакаат да се препуштат на културата среде величествена околина. Главниот град, Скопјe, има фасцинантна мешавина од античка и модерна архитектура, додека винските региони во земјата произведуваат некои од најдобрите берби на Балканот.“

Извор: kajgana.com