Во јули подигнати и транспортирани 15.735 тони мешан комунален отпад во Скопје
Актуелно

Во јули подигнати и транспортирани 15.735 тони мешан комунален отпад во Скопје

05. 08. 2026.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на јули подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на главниот град.

Покрај редовното собирање отпад, отстранети биле и 2.360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад што паднал на јавните и сообраќајните површини по невремето што го зафати Скопје на 21 јули.

Најголемо количество отпад од јавните и сообраќајните површини – вкупно 255 кубни метри – било подигнато на територијата на општина Кисела Вода.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на граѓани и претставници на правни субјекти кои биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Извор:skopjeinfo.mk