Заклучно со 07:30 часот на 5 август, не се евидентирани ниту активни пожари, ниту пожари ставени под контрола.
Меѓу изгаснатите се пожарите во општините Чучер Сандево, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Прилеп, Струга, Крива Паланка, Тетово, Желино, Кавадарци, Куманово, Центар, Арачиново и Гостивар.
Пожарите зафатиле ниска вегетација, сува трева, грмушки, депонии, како и делови од деградирана шума, а надлежните служби успеале да ги локализираат и целосно да ги изгаснат.
Извор:skopje1.mk
