Што се однесува до подолгорочната прогноза, отсега се очекува дека од, и по 17-ти март на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Иако во март влеговме со температури над просекот што надминуваат 15 степени, метеоролозите истакнуваат дека нè очекуваат промени.
Можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е и појавата на утрински мразеви, пишува Метеоаларм во најновата прогноза.
Отсега гледано појава на снег од и по 17-ти март 2026 можно е да има и на местата со помала надморска височина, односно на местата со надморска височина од под 1000 метри.
