Овој викенд, 7 и 8 ноември, East Gate Mall се претвора во вистинска роденденска џунгла. По повод пет години од своето постоење, трговскиот центар организира богата програма со детски работилници, едукативни активности, музика и забавни предизвици за целото семејство.
Роденденската прослава започнува денеска напладне, а посетителите ги очекуваат активности што ќе траат сè до вечерните часови.
Од средби со рептили до потрага по богатство
Програмата започнува во 12:00 часот со едукативна дружба со рептили, предводена од Војо, каде што најмладите ќе имаат можност да дознаат интересни факти за овие животни.
Веќе во 13:00 часот следува „Jungle Adventure“ со Дарко Биберко, кој ќе ги поведе децата во нова авантура инспирирана од светот на џунглата.
Во попладневните часови се предвидени и креативни работилници, цртање на лица (face painting) и изработка на фигури од балони.
Во 15:15 часот повторно ќе се одржи едукативната средба со рептили, додека во 16:00 часот започнува потрагата по богатство со Дарко Биберко, наменета за малите авантуристи.
Музика, џунгла парада и забава до вечерните часови
Роденденската атмосфера ќе продолжи и во вечерниот дел од програмата.
Од 17:00 до 19:00 часот, DJ Bono ќе се погрижи за музиката и доброто расположение, а посебна атракција ќе биде и Jungle парадата, која неколкупати во текот на денот ќе поминува низ трговскиот центар.
Со комбинација од шопинг, детски активности и музичка програма, организаторите најавуваат роденденски викенд наменет за посетители од сите возрасти.
Со сметка над 1.000 денари до семејно патување во Берлин
Покрај забавната програма, East Gate Mall подготви и роденденска наградна игра.
Посетителите кои на 7 или 8 ноември ќе направат купување со сметка над 1.000 денари ќе имаат можност да учествуваат во наградна игра за семејно патување во Берлин.
Наградата вклучува семејна авантура во германската престолнина и посета на една од најголемите зоолошки градини во Европа.
Роденденската прослава ќе трае два дена, на 7 и 8 ноември, со активности што започнуваат од пладне. За сите што планираат семеен викенд исполнет со дружење, шопинг и забава, East Gate Mall подготвува посебна роденденска атмосфера по повод својот петти роденден.
