На второто место се најде „Qatar Airways“, додека меѓу најдобро оценетите авиопревозници се и „Air New Zealand“ и „Singapore Airlines“.
Во првите десет се пласираа и американската „Delta Air Lines“, јужноафриканската „South African Airways“, кинеските „China Southern Airlines“ и „Air China“, како и „Air America“.
Интересно е што ниту една европска авиокомпанија не успеа да се најде меѓу десетте најдобри во светот, иако неколку европски превозници обезбедија место во првите 20.
Најдобро рангирана европска авиокомпанија е „Turkish Airlines“, која го зазеде 14. место. Веднаш зад неа, на 15. позиција, се најде финската „Finnair“, додека полската „LOT Polish Airlines“ и британската „British Airways“ ги освоија 16. и 17. место.
Покрај генералното рангирање, беа доделени и признанија во посебни категории. „Ryanair“ беше издвоена како најсигурна авиокомпанија, додека „Virgin Atlantic“ доби признание за најдобро патничко искуство на долги летови.
Како се избираа најдобрите авиокомпании?
Рангирањето се темели на анкети спроведени меѓу патници, кои го оценувале своето искуство со најмногу пет авиокомпании со кои патувале во последните три години.
При оценувањето биле земени предвид повеќе критериуми, меѓу кои удобноста во кабината, квалитетот на услугата, можностите за забава за време на летот, односот меѓу цената и квалитетот, како и понудата на храна и пијалаци.
Податоците за истражувањето ги собрала компанијата „Statista“.
Сингапур го има најдобриот аеродром во светот
Покрај авиокомпаниите, „Time“ и „Statista“ објавија и рангирање на најдобрите аеродроми во светот.
Првото место му припадна на аеродромот „Чанги“ во Сингапур, кој важи за еден од најмодерните аеродроми во светот. На втората позиција се најде меѓународниот аеродром „Гуангжу Бајјун“ во Кина, додека третото место го освои аеродромот „Пекинг Дасинг“.
И кај аеродромите, европските претставници останаа надвор од првите десет во категоријата најголеми аеродроми. Сепак, аеродромот во Осло успеа да го освои шестото место во посебната категорија големи аеродроми.
Со ова рангирање, авиокомпаниите и аеродромите од Азија и Блискиот Исток се издвојуваат како лидери според оценките на патниците за квалитетот на услугите и целокупното искуство при патувањето.
