Општина Касандра соопшти дека оставањето крпи, чадори и лежалки на јавните плажи повеќе не важи како начин за однапред резервирање место.
За акцијата предупредија и од Фејсбук групата „Grčka info“, посочувајќи дека правилото важи за сите и дека по напуштањето на плажата, туристите мора да ја земат опремата со себе.
Општина Касандра на Халкидики ја продолжува акцијата за отстранување на крпи, плажни крпи, приватни чадори, лежалки, столчиња и друга опрема оставена на плажите и јавните површини – се наведува во објавата.
Пред почетокот на акцијата, на неколку локации беа поставени известувања на повеќе јазици за информирање на домашните и странските гости.
Контролите веќе се спроведени во Мола Калива, Неа Скиони, Калитеа, Ханиоти, како и на потегот меѓу Криопиги и Полихроно, а се најавува нивно проширување.
Собраните предмети нема да им се враќаат на сопствениците, туку ќе бидат предадени во системи за рециклирање.
Мерката предизвика бројни реакции и поддршка кај туристите, кои реагираат дека плажите често со часови стојат празни со блокирани места од зафатени пешкири и лежалки.
