Денес, одлуката за избор на работодавач одамна не се темели исклучиво на работната позиција или висината на надоместокот. Во Mozzart Македонија веруваме дека ваквиот пристап не претставува минлив тренд, туку основа за градење стабилна, одржлива и здрава организациска култура.
За нас, тоа пред сè значи почитување на времето на нашите луѓе. Преку 38-часовна работна недела, дополнителни денови годишен одмор и флексибилно работно време за позициите во Централата, настојуваме да создадеме услови во кои професионалната посветеност не подразбира откажување од квалитетот на приватниот живот.
Но, квалитетната работна средина не се дефинира единствено преку условите за работа.
Таа се гради преку култура во која трудот е видлив, успехот е препознаен, а посветеноста е вреднувана. Преку наградување на резултатите, лојалноста, менторството и индивидуалниот придонес кон заедничките цели, создаваме средина во која вработените знаат дека нивниот ангажман има значење.
Понекогаш, токму малите гестови оставаат најсилна порака.
Затоа значајно место во нашата култура имаат Sportmaster програмата, тим билдинзите, организираниот превоз за колегите кои работат во ноќни смени, како и вниманието и иницијативите посветени на децата на нашите вработени.
Не затоа што една поединечна бенефиција може да дефинира добар работодавач, туку затоа што токму синергијата на сите овие елементи ја обликува организациската култура и го создава чувството дека луѓето се важен и суштински дел од компанијата.
Флексибилноста, континуираниот развој, финансиската сигурност, поддршката во различни животни фази и можноста за персонализирање на бенефициите ќе имаат сè позначајна улога во креирањето на современото искуство на вработените.
Токму затоа, за нас во Mozzart Македонија, тоа е одраз на односот што сакаме да го градиме со луѓето кои се дел од нашата организација – однос заснован на доверба, почитување, развој, препознавање и заеднички успех.
Затоа што зад секој процес, секоја идеја и секој постигнат резултат стои човек.
А кога луѓето се чувствуваат ценето, поддржано и мотивирано, не расте само поединецот.
Расте тимот. Расте културата. Расте и компанијата.
