Според новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поевтинуваат за 7 денари по литар, додека дизелот ќе биде поевтин за 5,5 денари.
Новите највисоки цени ќе изнесуваат:
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86 денари/литар
-
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88 денари/литар
-
ЕУРОДИЗЕЛ – 94,5 денари/литар
-
Екстра лесно масло за домаќинство – 103,5 денари/литар
Намалувањето се должи на промените во акцизите и даночната стапка за дизелот, како и на движењето на цените на нафтените деривати на светските пазари.
