Овој датум го означува крајот на зимата и почетокот на најтоплиот и најраздвижен период од годината. Истовремено, на јужната хемисфера започнува есента.
Иако многумина сè уште сметаат дека пролетта започнува на 21 март, во последните две децении таа најчесто пристигнува на 20 март. Причината лежи во различните начини на пресметка – метеоролошки и астрономски.
Според астрономските пресметки, пролетта оваа година ќе трае до 21 јуни, до 10:24 часот. Тоа значи дека ќе уживаме во неа вкупно 92 дена, 17 часа и 38 минути – за околу две минути пократко од минатата година.
Метеоролошки, пак, пролетта секогаш започнува на 1 март и трае три месеци, врз основа на температурните промени и климатските услови.
Без разлика на пресметките, денешниот ден симболично го означува почетокот на подолгите и потопли денови.
