Добра вест за возачите: Попустот на горивата продолжува до 18 мај, дизелот поевтин за 3 денари
Актуелно

Добра вест за возачите: Попустот на горивата продолжува до 18 мај, дизелот поевтин за 3 денари

01. 05. 2026.

Целта да се ублажат ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството.

 

Владата информираше дека попустот на горивата ќе продолжи и во наредниот период, односно до 18 мај 2026 година, по разговорите со компанијата OKTA, со цел да се ублажат ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството.

Станува збор за мерка со која и понатаму ќе се обезбедуваат пониски малопродажни цени на горивата.

Според информациите, попустот останува:

3 денари по литар за дизел горивото
2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани

Од Владата посочуваат дека мерката е дел од напорите за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на домашната економија во услови на ценовни предизвици.

Попустот ќе важи заклучно со 18 мај 2026 година.