Преку платформата Amazon.co.uk, британските купувачи ќе можат во реално време да ја разгледуваат понудата на достапни автомобили, да ги споредуваат цените и да го резервираат посакуваното возило.
Дополнително, корисниците ќе имаат можност да добијат моментална процена на вредноста на својот половен автомобил, доколку сакаат да го заменат за нов.
Hyundai ќе биде првиот партнер на Амазон
Јужнокорејскиот автомобилски производител Hyundai е првиот најавен партнер за продажба на нови автомобили преку платформата во Велика Британија.
Во понудата ќе бидат вклучени електрични и хибридни возила, како и модели со бензински мотори.
Како ќе функционира купувањето?
Амазон нема директно да продава автомобили, туку ќе служи како дигитален посредник меѓу купувачите и автомобилските салони.
Купувачите ќе можат да го изберат и резервираат автомобилот преку интернет, додека конечната трансакција ќе се реализира директно со локалниот продавач.
Автомобилските салони ќе ја задржат контролата врз цените и продажбата, а Амазон ќе обезбеди платформа што ќе го олесни пребарувањето, споредувањето и изборот на возила.
Со овој потег, Амазон прави нов чекор кон дигитализација на автомобилската индустрија, овозможувајќи им на потрошувачите голем дел од процесот на купување автомобил да го завршат од удобноста на својот дом.
