Летото завршува ноќеска: Есента пристигнува точно во 02:05 часот
Актуелно

Летото завршува ноќеска: Есента пристигнува точно во 02:05 часот

22. 09. 2026.

Летото и официјално завршува. Есента на северната хемисфера ќе започне ноќеска во 02:05 часот, со настапувањето на есенската рамноденица. Во истиот момент, на јужната хемисфера ќе започне пролетта.

Првиот ден од есента ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 06:22 часот, а ќе зајде во 18:30 часот. До крајот на 2026 година остануваат уште 99 дена.

Што всушност се случува за време на рамноденицата?

Почетокот на астрономската есен го означува моментот кога Сонцето, гледано од Земјата, го преминува небесниот екватор и продолжува со своето привидно движење кон јужната хемисфера.

По рамноденицата, на северната хемисфера деновите постепено стануваат пократки, а ноќите подолги. Тоа ќе продолжи сè до зимската краткоденица во декември.

Есента ќе трае до 21 декември

Астрономската есен годинава ќе заврши на 21 декември во 14:50 часот, кога ќе започне зимата.

Првиот есенски ден ќе донесе и посвежо време. Утрото се очекува да биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.