Денеска, недела, 29 ноември, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. До крајот на денот снег се очекува и во северните делови од земјата. Минималните температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималните од 1 до 6 степени.
Во понеделник се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Утринските температури ќе се движат од -3 до 2 степени, а дневните од 3 до 7 степени.
Најстудено ќе биде во вторник и среда
Во вторник се очекува сончево, но многу студено време. Утринските температури ќе се движат од -16 до -3 степени, додека максималните дневни ќе бидат од -3 до 8 степени.
Уште пониски утрински температури се прогнозираат за среда, кога минималната температура ќе се движи од -18 до -6 степени, а максималната од 0 до 6 степени.
Според најавите на УХМР, по врнежите од дожд и снег ќе следува период на претежно сончево, но изразено студено време, со температури длабоко под нулата во утринските часови.
