Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, работните активности ќе започнат во 8 часот наутро и ќе опфатат демонтажа на постојните семафорски столбови, вклучително и порталните конструкции, како и отстранување на семафорската опрема.
Зафатот ќе се реализира согласно одобрениот сообраќаен проект, кој предвидува измена на режимот на сообраќај и воведување нови светлосни сигнали на крстосницата.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици
За време на изведувањето на работите, сообраќајот на засегнатите правци ќе биде целосно затворен и пренасочен по околната улична мрежа.
Привремениот режим ќе важи сè до завршувањето на активностите, а од јавното претпријатие засега не прецизираат во колку часот ќе биде повторно воспоставен редовниот сообраќај.
На приодите кон крстосницата ќе биде поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација, а ќе бидат присутни и вработени од ЈП „Улици и патишта“, кои ќе помагаат во физичкото регулирање на сообраќајот.
Апел до возачите за трпение и внимателност
Од јавното претпријатие апелираат до сите учесници во сообраќајот навреме да го планираат своето движење и да ги почитуваат привремените сообраќајни правила.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да се прилагодат на новонастанатите услови на патот, во целост почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација“, порачаа од ЈП „Улици и патишта“.
Возачите што во недела ќе се движат низ овој дел од Скопје се советуваат да користат алтернативни правци и да предвидат дополнително време за патување.
