Анализите покажуваат дека токму комбинацијата од пократка работна недела, социјална сигурност и квалитетни јавни услуги е клучна за чувството на задоволство и баланс кај граѓаните.
Овие земји се рангирани врз основа на повеќе критериуми, како што се должината на работната недела, бројот на денови годишен одмор, платеното породилно отсуство, пристапот до здравствена заштита и општото задоволство од животот.
На врвот на листата се наоѓа Нов Зеланд, каде просечната работна недела изнесува околу 33 часа, а работниците имаат и до 32 дена платен одмор, што овозможува подобар квалитет на живот.
Следуваат Ирска и Белгија, кои исто така нудат пократко работно време, стабилни приходи и силни социјални политики.
Во Европа се издвојуваат и Норвешка и Данска, познати по висок животен стандард, долги платени одмори и политики насочени кон семејството и благосостојбата на граѓаните.
Извор: faktor.mk
