Охрид во пикот на сезоната, безбедноста и хигиената под засилен надзор
Актуелно

Охрид во пикот на сезоната, безбедноста и хигиената под засилен надзор

02. 08. 2026.

Засилено полициско обезбедување деновиве во Охрид кој празнично е преполн со гости. Во пикот на туристичката сезона, кога во градот веќе има илјадници гости, полицијата ги обезбедува плажите, културно- историските споменици,концертите угостителските објекти, плоштадите и познатите збиралишта на гостите.На испомош на домашните се и полицајци од Србија а патиштата до Охрид ги контролираат камерите на Сејф сити.

Со полна пареа работат и општинските јавни претпријатија. Особено е активен ЈП „Охридски Комуналец“, чии вработени се деноноќно на терен за одржување на хигиената во градот.

Туристите истакнуваат дека се задоволни од целокупната понуда што Охрид им ја нуди ова лето. Во пикот на сезоната присутни се гости од цел свет, но сепак најбројни се посетителите од соседните земји.

Она на што треба интензивно да се работи во иднина според туристичките работници е збогатување на понудата и продолжување на сезоната преку поголема промоција на алтернативните видови на туризам.

 

извор:24.mk