Претпладне сончево и топло, попладне дожд и силен ветер
Актуелно

Претпладне сончево и топло, попладне дожд и силен ветер

18. 08. 2026.

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени.