Можеби го бараш своето прво работно место, сакаш да направиш кариерен пресврт или нов почеток по завршувањето на работниот однос. А можеби моментално и не бараш активно работа, но чувствуваш дека промената би ти годела.
Летото е одличен период да застанеш и да се запрашаш: што навистина ми е важно кај работодавачот?
Можноста за напредување? Флексибилноста? Добрата атмосфера и квалитетното раководство? Интересните проекти, сигурноста или бенефициите што одговараат на твојот начин на живот?
На Регионалниот саем за вработување ќе можеш да провериш кои работодавачи ти одговараат не само според отворената позиција, туку и според целокупниот пакет што го нудат. На нивните профили ќе бидат истакнати културата на компанијата, искуствата на вработените, вредностите и бенефициите, па полесно ќе можеш да процениш каде навистина можеш да се замислиш.
А додека го очекуваш почетокот на саемот, искористи го летото и за подготовка. Провери дали твојата биографија го одразува сето она што денес го знаеш и умееш да го понудиш и додади ги новите знаења, проекти и искуства.
Во рубриката „Вести и совети“ на порталот Vrabotuvanje.com.mk ќе најдеш бројни корисни содржини за барање работа и развој на кариерата, како и посебни совети за пишување и уредување на биографија.
Од 20 до 27 октомври ќе имаш и можност за директна комуникација со работодавачите и да дознаеш повеќе за работните места што ти го привлекле вниманието.
Затоа, ова лето размисли што бараш, подготви се и на саемот провери кој може да ти го понуди тоа.
