Германија ќе има огромен недостиг на работници: До 2029 година ќе фалат 723.000 вработени
Актуелно

Германија ќе има огромен недостиг на работници: До 2029 година ќе фалат 723.000 вработени

07. 09. 2026.

Германија до 2029 година би можела да се соочи со недостиг од околу 723.000 квалификувани работници, што е речиси двојно повеќе од регистрираниот недостиг од 370.000 работници во 2025 година.

Според студијата на Институтот за германска економија (IW), најголем недостиг се очекува во продажбата, каде би можеле да останат непополнети околу 39.100 работни места.

Недостиг ќе има и во грижата за деца и образованието, со околу 29.900 работници, додека во социјалната работа и социјалната педагогија би недостасувале околу 23.600 лица.

Се очекува недостиг и во здравството и негата, каде би можеле да фалат 18.700 работници, како и во електроизградбата, со проценети 17.400 непополнети позиции.

Авторот на студијата, Александер Бурштеде, предупредува дека ситуацијата дополнително ќе се влошува поради големиот број работници кои ќе заминат во пензија, додека на пазарот на трудот влегуваат премалку млади кадри.

Дополнителен проблем е и сè потешкото привлекување работници од странство. Според Бурштеде, доколку дојде до економско закрепнување, побарувачката за квалификувани работници дополнително би се зголемила.