Како што информираат од претпријатието, се реализирани две поголеми интервенции во општините Чаир и Гази Баба, каде биле расчистени обемни депонии од јавни површини.
Во општината Чаир, на улицата „Славеј планина“ во близина на скопското Теќе, е отстранета дива депонија со околу 150 кубни метри кабаст, градежен и мешан отпад. Во општина Гази Баба, на улицата „Перо Наков“, биле подигнати дополнителни 130 кубни метри отпад.
Извор:skopjeinfo.mk
