За современите предизвици во образованието, германскиот дуален модел и иднината на младите, разговаравме со проф. д-р Синиша Наумоски, генерален менаџер на Heidelberg Faculty of Skopje affiliated with Provadis University Frankfurt, кој објаснува зошто денешните студенти треба да бидат подготвени за реалниот свет уште додека студираат.
1. Денес многу млади завршуваат факултет, а потоа со години бараат работа во струка. Што прави Хајделберг поинаку?
Најголемиот проблем на денешното образование е што произведува дипломи, а не кариери. Секој ден гледаме млади луѓе кои завршуваат факултет, а потоа две, три или пет години бараат работа. Некои никогаш не ја наоѓаат во струката и завршуваат на сосема други работни места. Оттука, ние во Хајделберг Факултет - единица на Провадис Универзитетот од С.Р. Германија, поставивме едно едноставно прашање:
Зошто првото работно искуство да започне по дипломирањето?
Во германскиот дуален модел, кој го применуваме и во Скопје, студентот не чека да дипломира за да влезе во компанија. Тој е дел од компанијата уште од почетокот на студиите. Три дена студира. Два дена работи. Учи од професори, но учи и од директори, менаџери, банкари, ИТ експерти и претприемачи. Кога нашите студенти ќе дипломираат, тие веќе немаат само диплома. Тие имаат CV. Имаат искуство.
Имаат препораки. Имаат контакти. Имаат кариера. Тоа е суштинската разлика.

2. Дали е поважно студентот да има диплома или работно искуство уште пред дипломирање?
Ќе одговорам искрено. Дипломата е важна. Но кога таа диплома доаѓа од германски образовен систем (Министерството за обазование на С.Р. Германија ) и е издадена според стандардите на една од најсилните економии во светот, тогаш нејзината вредност е уште поголема.
Ќе направам едно едноставно споредување. Тоа е како да купите автомобил Порше, Мерцедес, БМВ, но автомобил беше и Југо Корал. Сите ве носат од точка А до точка Б, но разликата е во квалитетот, стандардите, технологијата, довербата и можностите што ги отвораат. Истото важи и за дипломите. Германската диплома е симбол на квалитет, дисциплина, практична примена на знаењето и високи академски стандарди. Таа отвора врати не само во Македонија, туку и низ цела Европа и Светот. Но, колку и да е вредна дипломата, денес таа е само билет за влез. Вистинското прашање што работодавачите го поставуваат не е само „Што сте завршиле?“, туку „Што знаете да направите?“.
Затоа иднината им припаѓа на студентите кои покрај диплома имаат и работно искуство, практични вештини, професионални контакти и способност веднаш да создаваат вредност за компанијата. Работното искуство е тоа што ја отвора вратата. Најдобриот студент денес не е оној што има само десетки. Најдобриот студент е оној што знае да решава проблеми. Затоа во Хајделберг Факултет не правиме избор помеѓу диплома и искуство. Ги даваме и двете.
3. Кога родителите плаќаат факултет, што треба да очекуваат како поврат на инвестицијата?
Родителите не треба да купуваат диплома. Треба да инвестираат во иднина.
Кога некој родител ќе ме праша дали школарината вреди, јас му велам: „Не гледајте колку чини факултетот. Прашајте се колку ќе чини ако вашето дете по дипломирањето остане без работа.“
Вистинскиот поврат на инвестицијата е: сигурно работно искуство; професионална мрежа на контакти; меѓународно образование; можност за вработување уште за време на студиите; германска диплома; поголема почетна плата и побрз напредок во кариерата. Тоа е вистинскиот „ROI“ (поврат на инвестицијата) на образованието.

4. Зошто еден матурант би избрал Хајделберг Факултет во Скопје наместо веднаш да замине во странство?
Ова е прашање што родителите најчесто го поставуваат. Да бидеме реални.
Студирањето во Германија денес може да чини повеќе од 70.000 евра за целиот период на студирање кога ќе се пресметаат сместување, храна, превоз, осигурување и останати животни трошоци. Во нашата филијала во Германија, истиот модел на образование е повеќекратно поскап од оној што го нудиме во Скопје.
А што добива студентот кај нас? Германски професори. Германски наставен модел. Студирање на англиски јазик. Дуално високо образование. Можност за престој во Германија. Германска диплома. И сето тоа со трошок кој е споредлив со студирање во македонскиот високообразовен систем.
Тоа е можност што пред десет години изгледаше невозможна.
5. Колку компании денес ги интересира просекот, а колку практичните вештини?
Ќе кажам нешто што можеби нема да им се допадне на сите. Просекот отвора врата. Вештините ја градат кариерата. Компаниите денес бараат луѓе кои знаат: да комуницираат; да работат во тим; да анализираат; да носат одлуки; да се адаптираат; да користат нови технологии и алатки. Светот повеќе не наградува меморирање. Светот наградува применливо знаење.

6. Што им недостига на повеќето дипломирани студенти кога одат на прво интервју?
Самодоверба. Практично искуство. Разбирање на реалниот бизнис.
Најголем дел од дипломираните студенти знаат дефиниции од учебници и теории од книги, но никогаш не седеле на состанок со клиент. Никогаш не подготвиле професионален извештај. Никогаш не работеле на вистински проект со реални рокови, одговорности и очекувања. Затоа, за многумина, првото интервју за работа претставува стрес и неизвесност.
Нашите студенти веќе го живеат тој свет уште за време на студиите. За нив интервјуто не е прва средба со бизнисот. Тоа е само следен чекор во нивната кариера.
7. Може ли студент да заработува, да стекнува искуство и да гради кариера додека студира?
Не само што може. Треба. Тоа е иднината на образованието. Во Хајделберг Факултет студентот има можност уште во текот на студиите: да работи; да заработува; да стекнува искуство; да добива стипендии; да биде дел од реални компании.
Замислете двајца дипломирани студенти. Едниот има диплома. Другиот има диплома, две до три години искуство и препораки од компании. Кој ќе биде првиот избор на работодавачот? Одговорот е очигледен.
Токму затоа денес со гордост можеме да кажеме дека сите наши студенти имаат работен ангажман во компании уште за време на студиите. Тие заработуваат, стекнуваат искуство и градат професионална кариера уште на 19 или 20 години.
Тоа е огромна предност во однос на многумина нивни врсници, кои по четири или пет години претежно теоретски студии допрва започнуваат да ги учат практичните вештини што ги бара пазарот на трудот. Често потоа се потребни уште две до три години дополнителни обуки, курсеви и неформална едукација за да станат конкурентни на работното место.
Затоа јас секогаш им велам на студентите: „Успешните луѓе ширум светот знаат дека времето е најскапиот ресурс што го поседуваме. Пари можат да се заработат повторно. Времето никогаш не се враќа. Додека некои на 24 или 25 години почнуваат да ги учат првите практични вештини, вие веќе ќе имате неколку години работно искуство, професионални контакти и реални резултати зад себе. Токму затоа сте неколку чекори пред другите уште на самиот почеток од кариерата.“

8. Ако денес нечие дете завршува средно училиште, кои три причини би биле пресудни да го запише на Хајделберг Факултет во Скопје?
Прва причина: Кариера уште од првиот ден. Не чекаме дипломирање за да започне кариерата. Кариерата започнува со првиот семестар.
Втора причина: Германско образование во Македонија. Ист квалитет. Ист концепт.
Ист начин на работа. Но со значително пониски трошоци за семејството.
Трета причина: Иднината им припаѓа на оние што комбинираат знаење и практика.
Во свет во кој вештачката интелегенција менува цели индустрии, највредни ќе бидат луѓето кои знаат да учат, да се адаптираат и да создаваат вредност. Токму такви луѓе сакаме да создадеме. Затоа што нашата мисија не е да произведуваме дипломирани студенти. Нашата мисија е да создадеме идни лидери.
И секогаш им велам на младите: „Не студирајте за да добиете диплома. Студирајте за да изградите живот каков што заслужувате.“

Во свет кој брзо се менува, знаењето и практичните вештини сè повеќе одат рака под рака. Според проф. д-р Синиша Наумоски, иднината им припаѓа на младите кои не чекаат дипломата да биде почеток на нивната кариера, туку ја градат уште за време на студиите. Токму затоа, како што вели тој, образованието не треба да биде само пат до диплома, туку инвестиција во живот исполнет со можности, искуство и професионален развој.
