Во попладневните и вечерните часови локално се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 10 до 18 степени во утринските часови, додека максималните ќе достигнат од 30 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната ќе достигне до 34 степени.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре времето ќе остане сончево и топло.
Позначителна промена се очекува во текот на викендот. Под влијание на циклонска активност ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места дождот ќе биде пороен и пообилен, со грмежи и засилен северен ветер.
Од сабота се очекува и значително опаѓање на дневните температури, што ќе донесе вистински пресврт во временските услови.
