Овој викенд сите патишта водат кон Попова Шапка: „ПроШарај“ носи бесплатна програма за сите
Актуелно

Овој викенд сите патишта водат кон Попова Шапка: „ПроШарај“ носи бесплатна програма за сите

18. 09. 2026.

На 19 и 20 септември на Попова Шапка ќе се одржи петтото издание на „ПроШарај“, со бесплатна дводневна програма наменета за сите генерации – од планинари и рекреативци до семејства со деца.

Во дворот на комплексот „Конак“ ќе има кратки планинарски тури, пилатес на отворено, возење електрични велосипеди и креативни работилници.

Покрај спортските активности, посетителите ќе можат да уживаат во планински базар, музика, квизови и фотографски содржини, како и во дружење со луѓе поврзани со Шар Планина.

Целта на манифестацијата е планината да се приближи до што поголем број посетители преку едноставни и достапни активности, со акцент на движењето, заедништвото и почитувањето на природата.