Високата плата не значи автоматски сопствен стан.
Швајцарија е најдобар пример.
Просечните плати се меѓу највисоките во светот, а стапката на сопственост на имот е најниска во Европа.
Повеќе од 60 проценти од домаќинствата живеат во изнајмен простор.
Причината не е само цената по квадратен метар, иако е и меѓу највисоките.
Банките бараат високo учество, обично 20 проценти од вредноста на недвижниот имот, од кои најмалку половина мора да биде готовина, а не пензиски заштеди.
За стан што чини 800.000 франци, ова значи околу 160.000 франци однапред.
Дополнително, се пресметува и таканаречената теоретска способност за отплата, според која трошоците за домување не смеат да надминат една третина од приходот на домаќинството.
Правата на закупците се гарантирани, договорите се долгорочни, а откажувањата се ограничени.
Семејствата можат да живеат во ист стан со децении.
Затоа, изнајмувањето не се перцепира како привремено решение, туку како нормален начин на живот.
Повеќе од 60 проценти од населението живее во изнајмен простор, банките бараат удел од 20 проценти, а трошоците за домување не смеат да надминат една третина од приходот на домаќинството.
Извор:faktor.mk
