Од вкупната сума, околу 33,2 милиони евра биле главен долг, додека 31,1 милион евра отишле за камати, адвокатски, судски и извршни трошоци.
Дури 95,36% од средствата биле наплатени преку извршители, што покажува дека институциите во најголем дел не ги подмирувале обврските доброволно и навреме.
Во исто време, бројот на предмети значително пораснал – од 9.361 во 2021 година на 24.556 во 2025 година.
Споровите се однесувале на различни кадровски одлуки, вклучително откази, прераспределувања, плати и додатоци и дисциплински постапки. Но, ДЗР утврдил дека државата нема системска евиденција за причините поради кои вработените ја тужат, ниту анализа на исходот на споровите.
Поради тоа, институциите немаат јасна слика кои грешки најчесто ги прават и колку ја чинат државата.
На крајот, сметката ја плаќа буџетот – односно граѓаните.
